Во израелските напади врз Газа убиени уште 39 Палестинци, билансот надмина 41.530

September 26, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 39 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа во последните 24 часа, со што вкупниот број на загинати од минатиот 7 октомври порасна на 41.534, соопшти денес Министерството за здравство во Газа, пренесува Анадолу.

Министерството додаде дека околу 96.092 Палестинци се повредени во тековната израелска офанзива.

„Израелските сили убија 39 луѓе, а повредија 86 во четири масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Не почитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата немилосрдна офанзива на Појасот Газа веќе речиси една година, по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на територијата, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува и со обвинувања за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Законот за јазици ќе се разгледува во целосен состав

Следно

12. Филмски фестивал „Босфор“ започнува наредниот месец во Истанбул

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop