Во израелските напади врз Газа се убиени 45.805 Палестинци, од кои 88 во последните 24 часа

January 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на убиени Палестинци во Појасот Газа, каде израелската армија ги продолжува геноцидните нападите веќе 457 дена, се зголеми на 45.805, а во последните 24 часа убиени се уште 88 лица, известува Анадолу.

Во соопштението на палестинското Министерство за здравство во Газа се дадени информации за нападите што Израел ги извршува врз Појасот Газа веќе 457 дена.

Во „пет масакри“ што израелската армија ги изврши во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа, е објавено дека убиени се 88 Палестинци, а 208 се повредени.

Забележано е дека бројот на убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година е зголемен на 45.805, а бројот на повредени изнесува 109.064.

Во соопштението се повторува дека сѐ уште има тела на убиени Палестинци под урнатините и на патиштата, но медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не можат да стигнат до нив поради пречките наметнати од израелските сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешко повреден пешак на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Следно

Во 10-тата деценија од животот сè уште работи како чистач на чевли

Latest from Blog

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop