Во израелските напади врз Газа досега загинаа 2.215 Палестинци, од кои 724 деца

October 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на Палестинци кои загинаа во масовните израелски воздушни напади врз Појасот Газа се искачи на 2.215, соопшти денес Министерството за здравство на Газа, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се наведува дека меѓу загинатите во израелските напади 724 се деца, додека 458 се жени.

Министерството, исто така, соопшти дека бројот на ранети се искачил на 8.714, од кои 2.450 се деца и 1.536 жени.

Во драматична ескалација на тензиите на Блискиот Исток, израелските сили започнаа непрекината воена кампања против Појасот Газа, како одговор на воената офанзива на палестинската група Хамас на израелските територии.

Конфликтот започна изминатата сабота кога Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса“ против Израел, ненадеен напад од повеќе страни, со лансирање ракети и инфилтрација во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас соопшти дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ против позиции на Хамас во Појасот Газа.

Одговорот на Израел се прошири со прекин на снабдувањето со вода и електрична енергија за Газа, дополнително влошувајќи ги условите за живот во областа што е под опсада од 2007 година, како и со наредба за евакуација на 1 милион жители од северна Газа за помалку од 24 часа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Црвенковски: Земјите од Западен Балкан да побараат од ЕУ постепена интеграција и пред полноправното членство

Следно

Избори во Нов Зеланд: Националната партија во водство пред владејачката партија

Latest from Blog

Предлог закон за замена на македонските возачки дозволи во Република Словенија

Денес, на 28-та редовна седница на Комисијата за инфраструктура, животна средина и просторно планирање на Република Словенија, пратеничката со македонско потекло Сандра Газинковски како предлагач го презентираше Предлог-законот за измени и дополнувања

Конте: Ајнтрахт одигра добро „катанаџо“

Синоќа во рамките од новото коло во Лигата на Шампионите, тимот на Наполи, на чело со нашиот Елиф Елмас во составот на домашен терен одигра само 0:0 против екипата на Ајнтрахт. Иако

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново
Go toTop