Во израелските напади во текот на ноќта убиени десетици Палестинци

February 19, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија уби десетици Палестинци и рани многумина во нападите на многу делови на Појасот Газа во текот на ноќта, јавува Анадолу.

Израелските сили ги продолжуваат нападите врз Газа веќе 136 дена. Во Појасот Газа има голема хуманитарна катастрофа, луѓето се гладни и жедни.

Официјалната палестинска агенција ВАФА објави дека израелските сили во текот на ноќта извршиле интензивни напади од воздух, копно и море на различни точки, особено врз центарот на градот Газа.

Најмалку десетмина Палестинци загинаа, а десетици се ранети во воздушните и копнените напади извршени од израелската армија врз куќи во регионите Дејр ал Балах, Нусајрат, Ез-Зеваиде, Бурајџ и Ал-Мегази во централниот дел на Појасот Газа.

Имаше и мртви и повредени во артилериските напади врз куќи во населбата Ез-Зејтун, која се наоѓа во југоисточниот дел на градот Газа.

Во округот Римал, во западниот дел на градот, израелски воени авиони бомбардираа најмалку две куќи, а во нападот беа повредени најмалку шест лица.

Израелската армија силно ја бомбардираше областа околу болницата Амал, која се наоѓа во јужниот дел на Појасот Газа.

Покрај тоа, израелските сили беа распоредени во близина на Алжирската специјализирана болница, која се наоѓа во источниот дел на Хан Јунис.

Израелската армија бомбардираше различни делови на градот Рафа во јужниот дел на Газа од воздух и море, а во интензивното бомбардирање беа повредени десетици Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митрески и координаторите ќе се договараат за седница за избор на член на ДИК

Следно

Гардијан: Урсула фон дер Лајен повторно ќе се кандидира за претседателка на Европската комисија

Latest from Blog

Собрани над 2,5 милиони долари за херојот кој го запре напаѓачот во Сиднеј

Ахмед ал-Ахмед, 43-годишен продавач на овошје со сириско потекло, стана национален херој откако храбро интервенирал за време на смртоносната престрелка на плажата Бонди минатата недела. Додека се опоравува од тешки повреди во

За прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк

Денес, на Клиниката за ТОАРИЛУЦ во Скопје, за прв пат во Македонија е изведена операција со навигациски систем за тотална протеза на колк, објави на својот фејсбук Д-р Игор Мерџаноски, директор на
Go toTop