Во израелските напади убиени уште 61 Палестинец, билансот надмина 46.600

January 14, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку уште 61 Палестинец се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа, со што тој биланс од октомври 2023 година се искачи на 46.645, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека во нападите досега се повредени најмалку 110.012 Палестинци.

„Израелските сили убија 61, а повредија 281 лице во четири масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел ја продолжува геноцидната војна во Појасот Газа што ја започна по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Втората година од конфликтот наиде на растечка меѓународна осуда, при што официјални претставници и институции ги окарактеризираа нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.

Во ноември 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Појасот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мисајловски: Армијата ќе се опремува со најмодерното и најсофистицираното вооружување и тоа ќе биде уште еден гарант за безбедноста на нашата татковина, но и уште еден силен придонес кон колективната одбрана

Следно

Топ 10 ѕвезди што нема да ги гледате на Светското првенство во 2025 година!

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 23 декември 2025: Дознајте што ве очекува во текот на денот!

БИК Бикови, ништо не сфаќајте лично, дури и ако слушнете навредливи зборови упатени кон вас, знајте дека се е предизвикано од финансиската состојба, дека всушност никој не ве напаѓа. Избегнувајте ги сите

Луѓето се поверни од шимпанзата, но не се најмоногамни битија, еве кој ги надминува

Во романтичниот живот, се чини, дека повеќе наликуваме на овие дружељубиви мунгоси отколку на нашите најблиски роднини, примати, сугерира рангирањето на најмоногамните видови кои го направиле група научници. Луѓето не се најверни
Go toTop