Во израелските напади на Појасот Газа загинаа 32 Палестинци

January 5, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската Армија уби најмалку 32 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, во нападите што ги изврши од синоќа во окупираниот Појас Газа, јавува Анадолу.

Како што јавува палестинската новинска агенција ВАФА, израелската Армија од синоќа изврши жестоки воздушни и копнени напади врз централните и јужните делови на Појасот Газа.

Двајца Палестинци загинаа во воздушен напад на израелската Армија врз куќа во градот Аз-Зувајде во централниот дел на Појасот Газа, а тројца Палестинци загинаа во напад во регионот Ал-Маваси.

Во воздушните напади на различни делови на Кан Јунис загинаа шест Палестинци. Израелските авиони извршија воздушни напади и врз градот Рафа.

Во воздушен напад врз куќата на семејството Абу Санџар во Рафа, загинаа пет Палестинци, а многумина се повредени.

Исто така, во нападите на израелската Армија во централните делови на Газа загинаа 16 лица, а во нападите беа повредени десетици Палестинци, меѓу кои и жени и деца.

Многу Палестинци се останати под урнатините по израелските напади.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Верижен судир во турски Карс, загинаа две, повредени се осум лица

Следно

Додека европскиот фронт се журкаше кај Ахмети, „европски“ активисти на ДУИ делеа боксови во М-НАВ

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го
Go toTop