Во израелски воздушен напад врз Газа погодена станбена зона

March 25, 2025
1 min read

Немилосрдните воздушни напади на израелската армија врз блокираниот Појас Газа продолжуваат и денес, јавува Анадолу.

Израелски воени авиони го нападнаа бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, предизвикувајќи голема штета на зградите.

По нападот се издигна густ чад од погодената станбената зона.

На 18 март израелската армија започна ненадејна воздушна кампања врз Појасот Газа, при што се убиени речиси 800 луѓе, а повеќе од 1.600 се повредени и покрај договорот за прекин на огнот и за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.

Убиени се над 50.100 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 113.700 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Минималната плата за 2025 година ќе се зголеми за 1,812 денари во нето износ

Следно

Секој клуб од ПМФЛ ќе добие по 150.000 евра од солидарната шема на УЕФА

Latest from Blog

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на
Go toTop