Во израелски воздушен напад разрушена џамијата „Ансар“ во Деир ал-Балах, Газа

June 2, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Џамијата „Ансар“ во централниот дел на Појасот Газа е разрушена во најновиот израелски воздушен напад, додека бруталната војна на Израел против палестинскиот народ продолжува без прекин. Во нападот се погодени и соседните гробишта, јавува Анадолу.

Снимките од местото на настанот ги прикажуваат целосно уништените ѕидови на џамијата, со сериозно оштетени столбови и централна купола која делумно сѐ уште стои.

Расфрланите и искинати примероци од светата книга Куран се гледаат меѓу урнатините, додека жителите се обидуваат да ги спасат од остатоците.

Нападот врз оваа верска зграда е дел од пошироката шема на уништување на верски и културни објекти низ Газа, откако Израел започна офанзива во октомври 2023 година. Според палестинските власти, досега се целосно уништени најмалку 828 џамии, а 167 се делумно оштетени. Освен тоа, погодени се и три цркви, како и 19 од вкупно 60 гробишта во енклавата.

Израел продолжува со офанзивата и покрај повиците од меѓународната заедница за прекин на огнот. Според палестинските извори, досега се убиени над 54.400 Палестинци, најголемиот дел од нив жени и деца. Хуманитарните организации предупредуваат на ризик од глад меѓу населението во опколената територија.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Покрај тоа, Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за злосторствата против цивилното население во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Играј со шампионите: Милион евра за 20 игралишта низ Македонија

Следно

Верстапен за критиките од Расел: Следниот пат ќе земам марамчиња за него

Latest from Blog

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop