Во израелски напади низ Газа убиени 23 Палестинци, од кои 17 во близина на пункт за хуманитарна помош

June 10, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Во израелските напади низ Газа од утринава се убиени 23 Палестинци, а над 100 се повредени, вклучително и 17 жртви во близина на пункт за хуманитарна помош поддржан од Израел, според локалните медиуми, јавува Анадолу.

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа објави дека најсмртоносниот напад бил извршен во близина на областа на коридорот Нецарим, јужно од градот Газа, каде што израелските сили отвориле оган врз цивилите што се собирале за помош од пункт за дистрибуција на помош поддржан од Израел, при што се убиени 17 лица, вклучително и едно дете.

Загинаа три члена на едно семејство кога шатор на раселени лица во Кан Јунис, Јужна Газа, беше бомбардиран од израелската армија, а други напади беа насочени кон домови и објекти на Црвената полумесечина во Деир ал-Балах, Централна Газа, при што имаше уште три жртви.

Нападите се извршени откако израелски беспилотни летала фрлаа димни бомби над источните области на градот Газа, објави и Вафа.

Израелската армија, отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, спроведува брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година, при што се убиени речиси 55.000 Палестинци, повеќето жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Последен училиштен ден – стартува летниот распуст

Следно

Во Скопје почнуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот

Latest from Blog

Акциите на Тесла скокнаа откако Маск потврди дека тестира беспилотно роботско такси

Акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 5 проценти на највисоко ниво за речиси една година откако нејзиниот сопственик Илон Маск потврди дека американскиот производител на електрични возила тестира роботско такси без монитори

Неверојатно: Невидена доминација, 96 официјални меча и исто толку победи!

ФОТО: arkadag-fk.com Неверојатно. Невидена доминација на еден клуб во својата земја, а основан е во 2023 година. Фудбалската сезона во Туркменистан, земја со 7,5 милиони жители во Централна Азија, заврши. Шампион е

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора
Go toTop