Во израелски напад врз шатор во болница во Газа загинаа 4 лица, 16 се повредени

March 31, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку четворица Палестинци загинаа денес, а 16 се повредени во израелски воздушен напад врз шатор за раселени лица покрај болница во Газа, пренесува Анадолу.

Неколку новинари се меѓу повредените во нападот, кој погоди шатор во дворот на болницата Ал Акса во градот Деир ал Балах во централна Газа, јави државната палестинска новинска агенција Вафа, цитирајќи медицински извори.

„Израелската окупација изврши нов масакр во болница која обезбедува медицински услуги за раселените луѓе и граѓаните“, се вели во соопштението на владината канцеларија за медиуми во Газа, осврнувајќи се на неколкуте израелски напади во последните неколку месеци кои ги погодија болниците.

Таа ја смета американската администрација, Израел и меѓународната заедница за „целосно одговорни за ова злосторство“.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Во израелските напади оттогаш загинаа над 32.700 Палестинци, а речиси 75.200 се повредени, предизвикана е масовна деструкција и недостиг на неопходни работи. Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на глад.

Израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во четвртокот побара од Израел да стори повеќе за да спречи глад во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кој е Милош Вучевиќ – идниот премиер на Србија?

Следно

Локални избори во Туркије: Ердоган гласаше во истанбулски Ускудар

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop