Во израелски напад врз бегалски камп во Газа убиени мајка и нејзиното бебе

August 3, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската војска продолжува со бруталните напади врз Газа, во кои најчесто жртви се деца и жени, јавува Анадолу.

Во последните напади во Газа убиени се мајка и бебе, кои по нападот се префрлени во болницата Ал Акса во Деир ал-Балах.

Мајката и бебето се убиени во напад на бегалскиот камп Бурејџ во централниот дел на Појасот Газа.

Во нападот на кампот убиени се вкупно девет Палестинци, а многумина се повредени.

Најмалку 39.550 Палестинци, меѓу кои поголем дел деца и жени, се убиени во нападите на израелските сили врз Појасот Газа од 7 октомври.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му наложи веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија испрати хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ за гаснење пожар во државата

Следно

Турскиот министер за надворешни работи се состана со својот етиопски колега во Адис Абеба

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop