Во израелски напад убиено семејството на репортерот на Ал Џезира во Газа

October 26, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Сопругата и двете деца на репортерот на Ал Џезира во Појасот Газа, Ваел ал-Дахдух, се убиени во израелски воздушен напад, соопшти телевизијата со седиште во Доха, пренесува Анадолу.

Сопругата, синот и ќерката на дописникот загинаа во нападот што имал за цел куќа во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти катарската телевизија.

Семејството веќе било раселено од нивниот дом во бегалскиот камп Нусејрат во јужниот дел на Газа поради тековните израелски воздушни напади во Појасот.

Според Ал Џезира, Ал-Дахдух, дописник на арапскиот сервис на телевизијата, известувал за израелските воздушни напади кога ја примил веста за смртта на неговото семејство.

На објавеното видео се гледа како дописникот се простува со својот син кој лежи на земја во болницата. На друга снимка се гледа како тој го носи мртвото тело на својата ќерка в раце.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета: Пад на рејтингот на СИРИЗА

Следно

Израелската војска со тенкови нападна локации на северот на Газа

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop