Во Израел пронајдени „1.500 тела“ на палестински вооружени лица, тврди израелски воен претставник

October 10, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Претставник на израелската армија изјави дека армијата пронашла околу „1.500 тела“ на палестински вооружени лица во населбите околу Газа, пренесува Анадолу.

„Во изминатите денови израелската армија пронашла не помалку од 1.500 тела на палестински вооружени лица на израелските територии“, изјави за Анадолу официјален претставник на израелската армија, кој побара да остане анонимен.

Тој не даде повеќе детали за ова прашање.

Палестинската страна, особено групата Хамас, допрва треба да ги коментира тврдењата на израелската армија.

Во текот на изминатите три дена вооруженото крило на Хамас, Бригадите Ал-Касам, објави неколку видеа од своите борци што упаднаа на израелските воени локации околу Газа, на кои, исто така, се гледа како се убиваат и апсат израелски војници.

Палестинската група Хамас ја започна операцијата „Поплава Ал Акса“ против Израел рано во саботата, истрелувајќи низа ракети и инфилтрирајќи се во Израел по копно, воздух и море.

Се наведува дека ненадејниот напад бил одговор на упадот во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство на доселениците врз Палестинците.

Како одмазда, израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа.

Бројот на Палестинци убиени од израелските сили во Газа се искачи на 704, од кои 143 деца и 105 жени, соопшти Министерството за здравство со седиште во Газа. Се вели дека бројот на ранети се искачи на околу 4.000.

Според израелското Министерство за здравство, во борбите се убиени најмалку 900 Израелци, а над 2.600 други се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВО ЖИВО: „Важно е! Од тебе зависат промените“ во Ново Село, Босилово и Василево

Следно

Автобусите на 11 Октомври ќе сообраќаат по неделен возен ред

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop