Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад

May 10, 2025
1 min read

Започна новото издание на „Генералка викенд“ – иницијатива за масовно чистење на отпадот што несовесни граѓани го оставаат низ природата. Илјадници волонтери од сите општини низ земјата се вклучени во акцијата, која е симбол на заедничка грижа и одговорност кон животната средина.

Организаторите повикаа на зголемена еколошка свест и колективна одговорност, нагласувајќи дека „нема здравје без чиста животна средина“.

Додека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и странските амбасадори останаа до крајот на чистењето кај Скопскиот Аквадукт, министерот за животна средина Изет Меџити замина порано – потег кој не остана незабележан.

Во изминатите пет години, преку „Генералка викенд“ се собрани над 1.000 тони отпад, со ангажман на повеќе од 44.000 волонтери. За секои 10 килограми собран отпад се засадува едно дрво – досега над 135.000 нови садници низ земјата.

Акцијата продолжува до недела, а пораката е јасна: како што го чистиме домот на пролет, така треба да се грижиме и за нашиот заеднички дом – природата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Следно

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop