Во „градината ЕУ“ функционират преку 820 криминални мрежи

April 6, 2024
1 min read

Животите и бизнисите во Европската унија се испреплетени со активностите на дури 821 криминална групација кои се бават со секакви илегални бизниси, ги маскираат со легални компании а веќе се влезени во поткупување обвинители и судии, обелоденува агенцијата за криминал на ЕУ.

Станува збор за огромна, шарена и мултинационална армија во која Еуропол идентификувале 25.000 поединци од 112 националности.

86% од групите се вклучени во легалниот пазар и држат трговија со недвижнини, градежништво, камионски транспорт, хотели, туризам, ноќни клубови…

Босовите на бандите главно се онаму каде што тие оперираат но во 6% од случаите, главните живеат надвор од ЕУ, од Обединетите Арапски Емирати, преку Турција или Мароко, до Јужна Америка. И кога некои од нив ќе завршат зад решетки , организацијата успева да го одржи бизнисот.

Се занимаваат главно со трговија со дрога и оружје но и со измами, транспорт на мигранти, изнуда…

68% од мрежите редовно прибегнуваат кон насилни методи а 70% се вклучени во корумпирање надлежни лица за да им тече работата.

Кокаинот е најпопуларната роба но Еуропол е загрижена од сè поголемиот внес на синтетички стимуланси, наречени зомби дроги, кои направија партал по Америка.

Операциите најмногу се концентрирани во Белгија, Италија, Германија., Холандија и Шпанија.

Извештајот на Еуропол го имате овде.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Очајна потрага по телото на Данка: Употребени багери и цистерна, монструмите не откриваат што направиле по ужасот

Следно

Чизкејк бисквити: Рецепт за прекрасен десерт од сирење, овошје и бело чоколадо

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop