Во Газа убиени уште 54 Палестинци, вкупниот број се зголеми на 33.091

April 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА)

Најмалку уште 54 Палестинци загинаа, а 82 се повредени во последните 24 часа во израелските напади врз опколениот Појас Газа, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу.

„Израелската окупација (сили) изврши пет масакри врз семејства во Појасот Газа, убивајќи 54 Палестинци и ранувајќи 82 во текот на изминатите 24 часа“, истакна Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава во соопштението.

Непочитувајќи ја привремената пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа каде што според податоците на палестинските здравствени власти, од 7 октомври досега загинаа најмалку 33.091 Палестинец, главно, жени и деца, а 75.750 се повредени.

Израел започна смртоносна воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 лица, но според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ), со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Според податоците на Обединетите нации, израелската војна против Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвикувајќи акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарната помош за цивилите во Газа.

Меѓутоа израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност

Следно

Фидан: Туркије побара од членките на НАТО да ја поддржат борбата на Анкара против тероризмот

Latest from Blog

Барселона со голем гест по тешката повреда на Кристенсен

Барселона презема практични чекори за да го поддржи Андреас Кристенсен, на кого му е дијагностицирано делумно кинење на вкрстените лигаменти, бидејќи раководството на клубот работи на продолжување на неговиот договор. Се очекува

Полска пресретнала руски авион над Балтикот, воздушниот простор бил нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион кој летал во близина на нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и соопшти дека десетици објекти пристигнале од Белорусија преку ноќ. „Утрово, над

За овие хороскопски знаци, 2026 година ќе биде година од соништата за заработка

За пет хороскопски знаци, 2026 година ќе биде период кога универзумот неуморно ќе работи во нивна корист. Парите ќе се размножуваат преку мали навики што едвај ги забележувате, а позитивниот став ќе

ВЛЕН: Царината со рекордни приходи – над 100 милиони евра во државниот буџет

Државните институции можат да бидат ефикасни и во служба на граѓаните кога се водат со одговорност и професионализам. Царинската управа на Република Северна Македонија бележи конкретни и мерливи резултати, со над 100
Go toTop