ВО ЕДЕН ДЕН: Откриени 70 телефони кај притвореници при претрес во Затвор „Скопје“

February 3, 2025
1 min read

Седумдесет телефони само денеска биле откриени кај притвореници во Истражниот затвор „Скопје“ (Шутка) во претреси во 40 ќелии, извршени од интервентна единица од затворот „Идризово“, соопшти директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Во интервју во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека затворскиот полицаец во саботата не ја проверил кутијата со бисквити во кој бил телефонот за Васил Јованов и се сомнева, рече, дека тој не знаел што има внатре односно „тоа не го направил онака, од наивност“. Затворскиот полицаец е суспендиран во саботата, а наредниот ден и негов колега, исто така, бил суспендиран за телефон даден на притвореничка.

-Од една притворска ќелија, даден е телефонот преку кутија со бисквити во друга притворска ќелија и тоа го направил затворски полицаец… Убиецот на Фросина бара телефон, стапува во контакт со ова лице, тој го насочува парите да бидат исплатени на неговиот брат, 250 евра се дадени. Тројца сведочеа и истото го повторуваа, дека близок, од најтесен круг на семејството на Јованов, ги има дадено тие пари на братот на другото притворено лице, рече Пандов.

Тој тврди дека во најголем дел мобилните во затворите ги внесуваат затворските полицајци и дека во корумпирано општество како нашето, затворскиот систем е најкорумпиран. Освен новите раководители на затворите, во овие казнени установи, рече, работи истиот персонал што го наследиле.

Соопшти дека во моментов во Обвинителство се води постапка против триесет и двајца, а против сто затворски полицајци и други вработени во затворите се поднесени дисциплински постапки. За да се справат со корупцијата во затворите, во изминатите седум месеци се формирани интервентни единици – една во „Идризово“ и една во затворот во Штип.

Според Пандов, сега се прават пет пати повеќе претреси од претходно и за разлика од порано кога, како што рече, при претресите се наоѓале само два-три расипани телефони, сега наоѓаат и 70 во еден ден, колку што денеска откриле 15 луѓе од интервентната единица од „Идризово’ претресувајќи 40 ќелии во затворот „Скопје“ (Шутка) каде што има 270 притвореници.

-Тврдам дека во најголем дел се внесени од тие затворски полицајци коишто и ден-денес таму уште работат…Тврдам дека во затворскиот систем е најголемата корупција, рече Пандов.

Соопшти дека Затворската полиција има висока плата и бенефициран стаж,  почетната е над 40.000 денари, а тие со повисоки чинови, рече, земаат и над 1.000 евра.

Во интервјуто Пандов кажа дека во минатото имало вработени затворски чувари кои порано биле затвореници.  Во изминатите седум месеци најмалку 20 затворски полицајци се избркани од работа и „тој процес нема да прекине“. Најави и нови вработувања на луѓе кои ја сакаат работата и се чесни.

-Не се сите такви, запознав и многу чесни луѓе, патриоти, кои си ја саат работата, и за жал, знам и голем дел на  луѓе на кои не им е местото таму и да носат униформа со ознаки на Република Македонија… Има млади и чесни дечки за кои таа плата е доволен мотив да работат, додаде Пандов.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Претреси во 40 ќелии во „Шутка“, пронајдени 70 телефони!

Следно

Роналдо: Мбапе не знае да игра како централен напаѓач

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во
Go toTop