Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, во фаза на градба се 26.522

February 10, 2026
3 mins read

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

– Во овој квартал најголема постигната цена на стан по метар квадратен е од 182.404 денари, односно во висина од 246.171 евра за вкупна површина од 83 метри квадратни кој се наоѓа на територијата на административна општина Центар, покажува најновиот Извештај од Регистарот на цени и закупнини, што го објавува Агенцијата за катастар на недвижности.

Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини има во општина Аеродром, односно во овој квартал се продадени 304 станови, додека, пак, најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, односно во овој квартал се продадени 91 куќa. Што се однесува до продажбата на деловниот простор, најмногу продажби се забележани на територијата на општина Центар каде што се продадени 31 деловнa просториja. Најмногу недвижности од типот на земјоделско земјиште и шуми се продадени во општина Куманово со 110 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Ѓорче Петров со 43 продажби. Во овој квартал се регистрирани и продажби на 194 гаражи, и тоа во поголем број општини.

Во периодот од 1 октомври 2025 година до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 9.283 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи). Споредбено со третиот квартал од 2025 година, во овој квартал има регистрирано 964 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.

Во овој период, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 5.084 продажби, 1.094 продажби од инвеститор и 40 откупи од државата, како и 12 продажби на недвижности по пат на лицитација, односно вкупно 6.230 купопродажби на недвижности (вкупниот број на купопродажби е збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од државата), што претставува раст за 95 купопродажби во однос на третиот квартал од 2025 година. Што се однесува до закупите, регистрирани се 3.053 закупи на целата територија на државава што претставува раст во однос на закупите од претходниот квартал и тоа за 869 закупи. Може да се забележи дека 55 проценти од трансакциите со недвижностите се однесуваат на продажби, додека 33 проценти од трансакциите се однесуваат на закупи на недвижен имот и заедно сочинуваат 88  проценти од вкупниот пазар со недвижности.

Споредбено по месеци од овој квартал, може да се забележи дека најголем број трансакции има во декември кога во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.274 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во ноември, и тоа 2.797, додека во октомври се регистрирани 3.212 трансакции.

Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број продажби се регистрирани во декември, односно 1.863 продажби, а најмногу закупи – 1.106 се регистрирани во октомври. Најголем број продажби од инвеститор, односно продажба на новоградби (стан, деловен простор, гаража и др.) се регистрирани во октомври, и тоа 416 продажби.

Најголем број трансакции се случиле на територијата на општина Центар, 812, во општина Аеродром се регистрирани 645, во општина Штип 634 трансакции, во општина Карпош 472 трансакции, во општина Битола 415 трансакции и во општина Гази Баба 410 трансакции. Најмал број трансакции се регистрирани на териториите на општините: Македонска Каменица со 10 трансакции, општините Конче, Лозово и Новаци со девет трансакции, во општината Зрновци се регистрирани осум трансакции, во општините Арачиново и Градско со седум трансакции, во општините Вевчани и Центар Жупа со пет трансакции и во општината Пласница регистрирани се четири трансакции. На територијата на 41 општина во нашата држава се регистрирани трансакции во обем од 0 до 50, што претставува мал број трансакции за дадениот временски период. Тоа, според АКН, покажува дека има големо раздвојување на пазарот, односно општини каде што има развиен пазар и општини каде што пазарот на недвижности воопшто не функционира за овој период.

Од 3.053 закупи во четвртиот квартал минатата година, најголем број, 1.369, припаѓаат на станови по што следуваат 911 закупи на деловни простори,  399 закупи на куќи, 257 закупи на земјоделско земјиште и шуми, …Во однос на третиот квартал 2025 има зголемување за 869 закупи.

Во последниот квартал лани најголем број закупи се регистрирани во октомври, 1.106, во декември имало 988, а во ноември  959.

Како што објави претходно Народната банка, во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво. Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19, 5 проценти во првиот и од 19,9 проценти во вториот квартал.

Последните податоци од Државниот завод за статистика се за ноември лани, кога биле издадени 304 одобренија за градење за 16,9  проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.  Со нив предвидена е изградба на 761 станови, од кои 427 во Скопскиот Регион, 113 во Источниот, 82 во Југозападниот, 79 во Пелагонискиот, 38 во Полошкиот, 15 во Вардарскиот, 4 во Југоисточниот и 3 во Североисточниот Регион.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

Latest from Blog

Карик: Никој не може да гарантира дека ќе победиме и на следниот натпревар

фото: Manchester Utd (X) Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, не верува дека победите на фудбалските натпревари можат да бидат загарантирани. „Црвените ѓаволи“ претходно ја обезбедија својата четврта последователна победа, победувајќи го

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија
Go toTop