Во чест на младиот музичар Ѓоргиев струмичката гимназија засади дрвце во дворот и организираше евоцирање на спомени

March 21, 2025
1 min read

Со засадување дрвце во дворот и перформанс со евоцирање спомени струмичката гимназија „Јане Сандански“ денеска го одбележа загинувањето на младиот музичар Џоко Ѓоргиев (25), тапанар на групата ДНК, во дискотеката во Кочани, а кој средно образование завршил во ова училиште.

На засадувањето дрвце во гимназијата присутвуваа членовите на семејството на Ѓоргиев, ученици, професори и колеги на младиот тапанар.

На настанот насловен како „Спомени за нашиот Џоче“, зборуваа директорката на Гимназијата Невенка Стојанова, класниот раководител Јосе Печков и неговиот ментор по музика, професорот Денис Кирчанов.

Во емотивното обреаќање директорката Стојанова истакна дека уште при првата средба во училиштето го увидела неговиот голем музички талент.

-Јас на него му раскажував за мојата виолина, а тој мене за неговиот тапан. Си кажувавме каква музика слушаме и кои песни би биле најдобри за наредниот концерт. Се редеа концерти-„Евровизија“, „Времеплов“, „Диско“, „Деценија“, а тој од голобрадо момче порасна во сериозен музичар и столб на сите настани во училиштето, истакна Стојанова.

За заедничката работа со Ѓоргиев се присетија неговите соученици од училишниот орекестар, но и и пејачите Александра Јанева и Јовче Пандев.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина матурантот Вукашин, 16-та жртва на трагедијата во Нови Сад

Следно

Армиско возило учествуваше во сообраќајна незгода – тројца полесно повредени

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop