Во Битуше, Водици се прославува на уникатен начин

January 19, 2025
1 min read

Денешниот голем празник Водици-Богојавление во селото Битуше, кое се наоѓа во општината Маврово-Ростуше, се празнува на традиционален начин, како што се правело пред многу години. Во 2019 година, обичаите при празнувањето беа прогласени за културно наследство од исклучително значење.

Главни во овој обичај се жените наречени кумстарки. Тие се облечени во народни носии, постари повеќе и од сто години. Кумстарките носат табли на главите, полни со домашен леб. Тие се упатуваат во поворка низ селото до црквата, пеејќи водичарски песни посветени на здравјето и благосостојбата. Во песните се споменуваат мажите, кои некогаш заминувале на печалба, додека жените останувале дома кои ги чувале семејствата.

По пеењето, во дворот на црквата „Свети Архангел Михаил“, се игра Јованово оро. Потоа, кумстарките одат во културниот дом на селото, каде го оставаат лебот. Мажите го сечат и подготвуваат оброкот. Први јадат кумстарките, а потоа мажите.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамас ги ослободи првите заложници

Следно

Македонски Брод, најмалиот град во Македонија, напуштен од младите, без перспектива

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop