Во американските напади на истокот на Сирија загинати повеќе цивили и војници

February 3, 2024
1 min read

ДАМАСК (АА) – Во американските напади на истокот на Сирија загинаа неколку цивили и војници на сирискиот режим, а неколку лица се ранети, објави денес државната новинска агенција САНА, пренесува Анадолу.

„Американските окупациски сили извршија еклатантен воздушен напад врз бројни локации и градови во источните делови на Сирија и во близина на сириско-ирачката граница“, објави САНА наведувајќи соопштение од сириското Министерство за одбрана.

Се додава дека во нападот загинале „повеќе цивили и воен персонал, има и ранети, а нанесена е и значителна штета на јавен и приватен имот“, без давање дополнителни детали.

Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) доцна синоќа објави дека извршила воздушни напади врз позиции на силите на Иранската револуционерна гарда и нејзините други групи во Ирак и Сирија.

ЦЕНТКОМ наведе дека првпат извршил напади во регионот како одговор на нападот врз американската база на сириско-јорданската граница на 28 јануари, во кој загинаа тројца американски војници во Јордан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пациентите се жалaт на недостиг на инсулин „ризодег“

Следно

Ердоган во Хатај им ги врачи клучевите од становите на граѓаните кои во земјотресот останаа без покрив над главата

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop