„Во американски воздушни напади врз Јемен повредени се седум жени и две деца“

March 19, 2025
1 min read

Хусите во Јемен, поддржани од Иран, објавија дека 7 жени и 2 деца се повредени во американските воздушни напади врз неколку градови, пренесува Анадолу.

Телевизијата Ал-Масира во сопственост на Хусите објави дека САД извршиле воздушни напади врз јеменските градови Сана, Сада, Ал-Џауф и Ал-Бајда.

Во нападот врз местото Севра во Сана повредени се седум жени и две деца. Избувнал пожар во сала што се користи за разни настани, а оштетени се и некои куќи.

– Американски воздушни напади врз Јемен

На 7 март Хусите објавија дека му дале рок од четири дена на Израел да дозволи помошта да влезе во Газа, во спротивно ќе ги обноват поморските операции против Израел.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 15 март на својот профил на платформата Truth Social објави дека ѝ наредил на војската да изврши масовен напад против Хусите во Јемен.

Водачот на Хусите, Абдул Малик ал-Хути, изјави дека сѐ додека траат нападите на американските авиони и воени бродови врз Хусите, ќе продолжат со своите напади, а блокадата на морската пловидба ќе го опфати и Вашингтон.

Хусите објавија дека 53 лица се убиени, а 107 се повредени во воздушните напади на САД и Велика Британија врз неколку градови, вклучително го и главниот град Сана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туфегџиќ: Ако се следи досегашниот тек на настаните треба да имаме надеж дека конечно ќе ги смениме работите

Следно

Пановски во 24 анализа: Пожар може да се случи и со сите преземени мерки но тогаш ќе знаете дека сте мирни пред Законот

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: По долг застој продолжува изградбата на улицата „Љубљанска“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во продолжувањето на градежните активности на улицата „Љубљанска“, со што по долг период на застој повторно се активира проектот за ставање во функција

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги
Go toTop