Во Алжир отворена најголемата џамија во Африка и една од најголемите во светот

February 26, 2024
1 min read

АЛЖИР (АА) – Алжир вчера свечено ја отвори големата џамија на брегот на Средоземното Море откако долгогодишните политички превирања го трансформираа проектот од симбол на сила и религиозност што ги спонзорира државата во симбол на доцнење и пречекорување на трошоците, јавува Анадолу.

Во Големата џамија во градот Алжир има и голема книжарница, а минарето е високо 265 метри, што го прави највисоко во светот.

Молитвениот простор на третата најголема џамија во светот и најголема надвор од најсветите исламски градови зафаќа 20.000 квадратни метри, а местото за богослужба може да прими 120.000 верници.

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне вчера свечено ја отвори џамијата.

Таа беше отворена за странските туристи и домашните посетители во Алжир околу пет години.

Временската рамка овозможува џамијата официјално да се отвори за јавноста навреме за ноќните молитви во светиот муслимански месец Рамазан, кој започнува следниот месец.

Освен по големината, џамијата е најпозната по доцнењата и контроверзиите што ја карактеризираат нејзината седумгодишна изградба, вклучително и изборот на локацијата за која експертите предупредија дека е сеизмички ризична.

Државата го демантираше тоа во вчерашното соопштение објавено на веб-страницата на државната новинска агенција АПС.

Во текот на одложувањата и надминувањето на трошоците, проектот никогаш не престана да го храни гневот на Алжирците, при што многумина рекоа дека повеќе би сакале да изградат четири болници низ цела земја.

Официјалните податоци покажуваат дека вредноста на проектот е 898 милиони долари.

Џамијата првично беше проект на поранешниот претседател Абдулазиз Бутефлика, кој ја дизајнираше како најголема во Африка.

Тој сакаше тоа да биде негово наследство и ја нарече „Џамија Абдулазиз Бутефлика“, слично како џамијата „Хасан Втори“ во Казабланка, Мароко.

Но протестите што го зафатија Алжир во 2019 година и го принудија Бутефлика да поднесе оставка по 20 години на власт, го оневозможија да ги спроведе своите планови џамијата да ја именува по себе и да ја отвори во февруари 2019 година според плановите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првиот план на Нетанјаху за повоена Газа

Следно

Норвешки крузер во карантин во близина на Маурициус

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop