Во Ал Акса 120.000 Палестинци ја извршија петочната молитва и покрај израелските ограничувања

March 22, 2024
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – Денес околу 120.000 Палестинци ја извршија втората петочна молитва (џума намаз) во овогодинешниот месец на постот Рамазан, во џамијата Ал Акса, сместена во окупираниот Источен Ал-Кудс (Ерусалим) и покрај израелските ограничувања, јавува Анадолу.

Десетици илјади Палестинци од раните утрински часови ги поминаа воените контролни пунктови меѓу Западниот Брег и Ал Кудс и се упатија кон Ал Акса. По неколкучасовно патување, Палестинците пеш стигнаа до Ал Акса и таму ја извршија петочната молитва.

Администрацијата на исламските вакафи во Ал-Кудс соопшти дека 120.000 Палестинци ја извршиле петочната молитва.

Израелската полиција од утринава е стационирана во близина на Ал Акса, каде со железни бариери ги затвори патиштата околу Стариот град.

Израелската полиција, која го проверуваше идентитетот на Палестинците кои сакаа да одат во Ал Акса за петочната молитва, на многумина не дозволи да влезат во ова свето место.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските сили не им дозволиле на медицинските тимови да влезат во џамијата Ал Акса.

Израел го ограничи пристапот на палестинските верници до џамијата Ал Акса по зголемените тензии низ окупираниот Западен Брег поради нападите на израелската Армија врз Појасот Газа, во кои досега се убиени речиси 32.000 Палестинци.

За муслиманите, Ал Акса е третото најважно светилиште, а Евреите тврдат дека порано на тоа место имало два еврејски храма.

Комплексот Ал Акса, кој зафаќа 15 отсто од областа на старото јадро на Ал-Кудс (Ерусалим), е под израелска окупација, а претставува точка на соединување на трите најголеми религии во светот.

Израел го окупираше источниот дел на Ал-Кудс, каде што се наоѓа Ал Акса, за време на арапско-израелската војна во 1967 година. По окупацијата, го анектираше целиот град во 1980 година, а меѓународната заедница никогаш не ја призна оваа акција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од полноќ поскапува бензинот Супер-95

Следно

Русија за првпат призна: „Ние сме во војна“

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop