Во Ајова републиканците избираат кандидат за претседател: Како функционира и зошто е важно?

January 15, 2024
2 mins read

Американските републиканци го почнуваат процесот за избор на нивниот кандидат за ноемвриските претседателски избори на таканаречените „кокуси“ (собири) во Ајова. Поранешниот претседател Доналд Трамп е најголем фаворит, но во минатото имало изненадувања и во последен момент.

Одлучувачка победа во Ајова ќе го зацврсти статусот на Трамп како фаворит. Неговите ривали, пак, се обидуваат да се наметнат како главна алтернатива на поранешниот претседател.

Што е „кокусот“ во Ајова и кога се одржува?

Кокус е процес со кој гласачите од таа држава на средниот запад одлучуваат за претседателската номинација на нивната партија. Се разликува од вообичаените партиски избори (примарни) бидејќи тие се надгледувани од Републиканската партија на државно ниво, а не од државната власт. Исто така, нема услов да се гласа на избирачко место.

Републиканската партија ќе ги одржи своите кокуси на 15 јануари. Демократите од Ајова пак, од друга страна, го избираат својот кандидат целосно преку гласање по пошта во овој изборен циклус и резултатите ќе ги објават на 5 март, на таканаречениот „супер вторник“.

Како функционира кокусот во Ајова?

Во 19:00 часот по централно време (два часа по полноќ на 16 јануари, по средноевропско време), републиканците ќе се соберат во мали групи во локалните сали – на пример, училишта или цркви, каде што претставниците ќе држат говори во име на нивните кандидати.

Околу 1700 вакви собири ќе се одржат низ Ајова.

Гласовите се пресметуваат по тајно гласање за да се изберат делегати на конвенцијата на републиканците. Резултатите се испраќаат до Републиканската партија на државно ниво и се објавуваат кога ќе се пресметаат гласовите, обично во рок од неколку часа.

Гласање од далечина не е можно. Процесот беше критикуван поради исклучувањето на гласачите кои можеби работат или имаат попреченост што го отежнува нивното присуство на собирите. На собирот на партијата во Ајова во 2016 година, последниот пат кога беше неизвесно кој ќе победи, учествуваа околу 30 отсто од регистрираните републиканци.

Четириесетте делегати на Ајова на Републиканската национална конвенција ќе бидат распределени пропорционално на кандидатите врз основа на гласањето низ државата. На пример, во 2016 година, сенаторот Тед Круз доби осум делегати врз основа на 27,6 отсто од гласовите, додека Трамп, кој беше на второто место, доби седум. Седум делегати доби и третопласираниот, сенаторот Марк Рубио.

Кој може да гласа?

Жителите на Ајова кои имаат 18 години или се постари и кои се регистрирани републиканци можат да учествуваат во кокусите.

Зошто Ајова е прва?

Ајова традиционално прва ги избира претседателските кандидати поради историски случајности. Откако Демократската партија ги либерализираше процедурите за избор на кандидати по изборите во 1968 година, Ајова беше првата држава што закажа гласање. Кога кандидатите и медиумите се собраа во Ајова и потрошија еден тон пари – државата се погрижи да го задржи статусот број 1 во Соединетите Држави.

Сепак, тоа се промени со овие избори. Слушајќи ги повиците во партијата гласањето да започне во различна држава, демократите ја назначија Јужна Каролина, како прва држава во нивниот изборен календар за 2024 година. За разлика од Ајова, јужна Каролина има мнозинско црно население.

Републиканците одлучија да го прекинат предвременото гласање за номинација во Ајова, каде што речиси 90 отсто од населението се белци.

Зошто се важни пратеничките групи во Ајова?

Партиските собири – кокусите, се сметаат за прва слика на поддршка за претседателските кандидати. Обично, тие кандидати поминуваат месеци во кампања низ Ајова, тестирајќи ги нивните пораки и нивната привлечност. Оние кои нема да поминат добро во таа држава, понекогаш одлучуваат да се откажат од трката.

Меѓутоа, во случајот со републиканците, Ајова не беше сигурен барометар за национална поддршка. Ниту еден од победниците на последните три партиски собири – во 2016, 2012 и 2008 година – не ја доби партиската номинација.

Причината е главно евангелистичката заедница во Ајова, која игра голема улога во процесот и има тенденција да го поддржи социјално најконзервативниот кандидат.

Дополнително, со оглед на нејзината релативно мала популација, Ајова испраќа многу помалку делегати на националната конвенција отколку државите како Флорида или Тексас, што значи дека има многу непропорционална улога во процесот на номинирање.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Прва собраниска седница во 2024

Следно

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа порасна на 24.100

Latest from Blog

Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

Фото: ФЦ Милан Х Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот
Go toTop