ВМРО: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите и ден на среќа за обесправените

April 2, 2026
1 min read

Со внимание ја проследивме оставката на Ленче Ристоска, која до пред само еден месец самоуверено тврдеше дека дошло времето токму таа да застане на чело на обвинителството и да ја донесе толку посакуваната правда. Очигледно времето за кое зборувала, важело само доколку исходот од изборот е по нејзина мерка. Во моментот кога институциите постапија согласно закон и не ја потврдија нејзината кандидатура, истата таа визија за силно и независно обвинителство одеднаш исчезна и се замени со наратив за наводни притисоци и загрозен интегритет.

Па тука, легитимно се поставува прашањето, дали принципите важат само кога носат личен напредок и дали борбата против криминал и корупција е кредибилна ако завршува таму каде што почнува нејзиното лично разочарување?

Ристоска зборува за ослабување на институции, но токму таа беше дел од тоа и ваквото однесување со условување на сопствениот ангажман со функција е суштинскиот проблем, кој со години ја уништува довербата во правосудниот систем. Наместо континуитет и професионализам, сведочиме на селективна принципиелност, каде во изјавата на Ристоска се вели дека институциите се добри кога одлуките се во наша корист, а лоши кога не се. Особено е индикативно што одлуките кои ги критикува, доааѓаат во момент кога конечно се воспоставува ред и се применува правото, без привилегирани толкувања од тесен круг на поединци кои со години се обидуваа да го монополизираат јавниот интерес.

Ристоска беше дел од истото СЈО кое беше водено од рекет дружината на Катица Јанева, кои дрпаа народни пари на име хонорари од СЈО и кое прерасна во машина за политички прогон. Само треба да се проследи изјавата на обвинителката Лејла Кадриу, која сведочи за тоа дека Заев и Шеќеринска лично оделе навечер во СЈО на Катица, Ленче и Лиле Стефанова и селектирале предмети за политички прогон.

Јавноста има право да знае, дали оваа оставка е чин на принципиелност или политички перформанс насочен кон градење личен наратив на жртва. Вистинската борба за владеење на правото не завршува со избор или неизбор на функција, таа почнува токму тогаш. Наместо декларативни заложби, на институциите им се потребни луѓе кои ќе работат доследно, без оглед на личниот исход. Се друго е само уште една потврда дека за дел од нив правдата била прашање на позиција за контрола, а не на принцип.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола: Љубовта и прифаќањето на различностите се на прво место на Светскиот ден на аутизмот

Следно

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа

Latest from Blog

Мицкоски: Интерконекцијата Битола–Елбасан отвора нови можности за економијата

Премиерот Христијан Мицкоски денес на поставување камен-темелник на 400 киловати далекувод од ТС „Битола 2” на македонско-албанската граница истакна дека со овој проект Македонија за првпат станува целосно поврзана со сите соседни

Димовски: ТИРЗ бележи напредок од 85% во примената на системот за интегритет

Дирекцијата за ТИРЗ за 2025 година е оценета со највисоко ниво „многу добро“ според најновиот извештај на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), со 85% усогласеност на системот за интегритет. Со ова,

Проданоски најавува крај на неодговорното работење во јавните претпријатија во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека времето на неодговорност во локалната самоуправа и јавните претпријатија завршува. „Подготвени сме да се соочиме со секој предизвик, без разлика колку е тежок, бидејќи

Министрството за финансии започна со исплата на повратот од данокот на солидарност

2 април 2026, Скопје – Близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатија средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност. Министерсвото за финансии согласно
Go toTop