ВМРО-ДПМНЕ со Резолуција за крај на манипулациите на СДС за мигрантите, Резолуцијата носи сигурност, стабилност и јасен став против нелегалната миграција

December 15, 2025
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ со предлог Резолуција до Собранието на Република Македонија, „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, велат во партиското соопштение од владејачката партија.

Со оваа Резолуција се става крај на манипулациите на СДС за мигрантите и организираната и координирана кампања од страна на опозицијата, која влева несигурност и паника меѓу граѓаните.

Лажните сценарија на СДС паѓаат во вода, државата има јасна политика против нелегалната миграција, нема мигрантски кампови има Резолуција која носи стабилност и сигурност.

ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната Влада на Зоран Заев, со која беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државните интереси.

Резолуција е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на Владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи.

Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш.

Ги повикуваме сите политички партии да ја поддржат оваа Резолуција со која се става крај на лагите и конструкциите на СДС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мел Гибсон – холивудски заводник и бестрашен акционен херој, а зад камерата посветен татко на девет деца

Следно

Телескопот Веб откри егзопланета со два огромни опаши од хелиум

Latest from Blog

Најнови податоци на Евростат: Храната во Македонија 27% поевтина од просекот во ЕУ

Цените на храната во Македонија се најниски во Европа, покажуваат најновите податоци на Евростат. Анализата открива значителни разлики во трошоците за храна меѓу европските земји и јасно укажува каде купувањето е најповолно,

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по пукањето

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денес предложи построги национални закони за оружје по пукањето на забавата за Ханука на плажата Бонди во Сиднеј, во која во неделата загинаа 16 лица. Албанезе рече дека
Go toTop