ВМРО-ДПМНЕ со отчет за локалната власт

August 23, 2025
1 min read

Работиме за секој човек и ветената програма во најголем дел е остварена рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на саемот „Отчет за четиригодишната работа на градоначалниците“. Ниту една функција не е загарантирана ниту вечна, посочи тој и со тоа најави смени во партиските функции, но и реконструкција на владата веднаш по локалните избори. Ќе се менуваме, надоградуваме и усовршуваме врз основа на потребите и барањата на граѓаните-вели Мицкоски.

Шефот на Владата ги отфрли информациите дека се прави терен ДУИ да биде дел од кабинетот на Илинденска.

„Ќе бидам многу јасен и прецизен овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во Владата, и интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат. Кога зборуваме за чесност и за одговорност во политиката, мора да ја откриеме и вистината за валканите игри што се подготвуваат зад кулисите“, рече Мицкоски.

Вмро-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг – убеден е Мицкоски. Секоја победа мора да се заслужи со работа и со чесност. Тој ги повика идните градоначалници на одговорност и транспарентност.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Професионализам, пожртвуваност и верност кон државата: Одбележана 24-годишнината од формирањето на Единицата за брзо распоредување

Следно

Мерц: Германија е во структурна криза, економските предизвици се поголеми од очекуваното

Latest from Blog

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Go toTop