ВМРО-ДПМНЕ: Што ти значи татко функционер – синот на Талат Џафери преку ред без завршен факултет положил правосуден и експресно станува обвинител

February 22, 2023
1 min read

И покрај тоа што ДКСК утврди дека Барлет Џафери, синот на Талат Џафери незаконски полагал правосуден испит пред да биде дипломиран, станува јавен обвинител. Во државата не важат законите подеднакво за сите. Барлет Џафери не само што не смее да стане јавен обвинител, туку согласно македонските прописи, веднаш трева да му биде одземено уверението за положен правосуден испит и кривично да одговараат и тој и сите инволвирани во случајот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден правник мора да дипломира, да заврши мастер студии, потоа да стажира една години кај адвокат или две години во државна управа, па тек потоа да се пријави за полагање на правосуден испит доколку ги исполнува сите пропишани услови. Згора на тоа, се поставува прашањето дали Барлет Џафери воопшто полагал правосуден испит или бидејќи е син на Талат Џафери така го добил уверението за положен правосуден испит. Додека татко е прв законодавец, синот е избран за јавен обвинител, велат од партијата.

„Ги повикуваме сите надлежни институции соодветно да реагираат, ова е преседан од невиден размер. Не смее Барлет Џафери да стане јавен обвинител само затоа што татко му Талат Џафери е прв човек на собранието.

Ова е само една од многуте причини поради која граѓаните немаат доверба во судството и правосудните органи.

Време е за промена на власта. Потребни се избори и ставање крај на искористување на функциите од власта за лични интереси“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мечка ги нападнала спасувачи кои трагаат по загубено девојче во БиХ

Следно

Изречени 211 казни во Скопје, 81 од нив се за брзо возење

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop