ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние кои ги штитеа за сторените криминали

February 20, 2025
2 mins read

Правосудниот систем во Македонија е во заробеништво на моќниците од СДС и ДУИ. Наместо да го гони и суди огромниот криминал и корупција, овој правосуден систем се стави во заштита на криминалот на моќниците и неговите газди од СДС и ДУИ. И секако ваквата заштита на криминалците и нивните политички газди не била бесплатна. Судиите и обвинителите кои во своја закрила ги ставиле политичките криминалци од СДС и ДУИ, кои направиле милионски грабеж на Македонија, со сигурност дебело профитирале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа може да се види од имотите кои што ги имаат во посед македонските судии и обвинители, почнувајќи од луксузни куќи, автомобили, станови и тоа по неколку на број, земјишта, како градежни, така и земјоделски, деловни имоти. Ова се имоти кои може да се стекнат само со црни пари земени од нивните газди во СДС и ДУИ за да ги заштитат од кривичен прогон за нивните сторени криминали, а никако со чиновничка плата. Дел од судии под диригентска палка на СДС и ДУИ се Добрила Кацарска и Илија Трпков, кои во сојузништво со обвинителите партиски послушници и извршители, Љупчо Коцевски и Вилма Рускоска нанесоа голема штета на граѓаните и државата, а тие дебело профитираа, велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека: „Како награда за послушноста и понизноста кон СДС, Кацарска беше наградена за уставен судија, а Рускоска иако со големи пропусти и прекршувања во своето работење беше оставена на раат до пензионирање на ја извршува функцијата“.

-Овие две послушнички и извршителки на СДС и Зоран Заев, исто така беа наградени и за предметот 27 април кои согласно партиските соопштенија предметот го обликуваа во обвинителен акт и истиот го пресудиле со драконски затворски казни од на 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеле и по 12 часа. Во истиот предмет е вклучен и Илија Трпков, партиски послушник на СДС кој над шест години водеше бескраен судски процес во кој си играше со судбините на луѓето без соодветни докази. Љупчо Коцевски, пак, сето ова немо го посматраше и го одобруваше. Иако на очиглед на целата јавност се правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и законите, тој не најде за сходно, барем по допрен глас, да отвори постапка за сите овие случаи и ликови. Токму од тука произлегува и потребата овие ликови, како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска да бидат отстранете од правосудниот систем да бидат и да се испита целокупната нивна работа, која е користа и бенефитот што го имаа од овие политички процеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека освен ова, треба да се испита и потеклото на нивниот имот и капитал, како и на другите дежурни судии и обвинители кои се на телефонски повик на штабовите на СДС и ДУИ чие богатство енормно се зголемило.

-Оттука, јасно е зошто СДС и ДУИ жолчно се противат на реформите во правосудството, затоа што ќе останат без нивните заштитници кои наместо да делат правда, станаа око на криминалот и закрилници на СДС и ДУИ. Но, одговорност мора да има и Македонија мора и ќе стане правна држава. Доаѓа крајот на лицата во правосудството кои работат под политички диктат за свои лукративни цели, се наведува во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се најавува ново законско решение за стабилизирање на цените – Ристески за кошничката: За да биде синдикална сигурно не асоцира на лубеница, диња, праска…

Следно

Хамас до семејствата на убиените израелски заложници: „Сакавме вашите синови да се вратат живи“

Latest from Blog

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод седумнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден”. По повод седумнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете
Go toTop