ВМРО-ДПМНЕ: СДС го оставиле Груби да ја пљачка Македонија за да им трае власта, за и тие да продолжат слободно да крадат

January 13, 2025
1 min read

СДС се претвори во партија на уценети политичари. СДС му слугуваше на ДУИ и уште му молчат. Исплашени да не прозбори и ги издаде, СДС молчат за Груби. Скоро два месеци скандалите и криминалите на Груби ја брануваат македонската јавност, само од СДС збор не се кажува за него. Ги нема да се оградат и да го повикаат Груби да се врати во државата и да се соочи со правосудните органи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од Груби се откажа и ДУИ, ама СДС од него не се откажува. Низ вода Груби го пушти и САД кои што го ставија на црната листа поради криминал и корумпирање на судии за влијание на судски одлуки. Ако за криминалите на Артан Груби знаеле САД, новинарите, медиумите и пошироката јавност, не е можно за тоа да не знаеле СДС. СДС знаеле за криминалот а Груби, но свесно му дозволија да ограбува Македонија преку Лотарија, министерството кое го водеше и од кое на фирмата на брат му доделуваше тендери во вредност од неколку илјади евра. Дека Груби крадеше од државните институции можеше да се види по тоа што во центарот на градот, на улица Македонија се стекна со ексклузивен дуќан по багателна цена. Како и по скапиот автомобил, која ако не изгореше нема да знаеме дека го има, а јавноста ја убедуваше дека тоа бил на негов другар кој му го дал да го користи, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат:

„Но, каков е тој другар кој би отстапил скап и луксузен автомобил на другар, освен ако не е како Прпарим Бајрами, со кого заедно би го делеле пленот од македонските институции.

За ваквото криминално дејствување одговорноста е кај СДС, кои при очи слепи се правеле и му дозволите да ја плачка Македонија, за да останат подолго на власт и да продолжат и тие со нивното крадење“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На овие патни правци има активна забрана за тешки товарни возила поради снег

Следно

Израелската Армија изврши воздушни напади во Источен Либан

Latest from Blog

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.
Go toTop