ВМРО-ДПМНЕ: Реформите на Филипче се само празна реторика, потребно е партијата да се огради од него и да го искорени заевизмот

November 9, 2025
1 min read

СДС е на стаклени нозе и само продолжува да тоне. Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само 6 општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Претседателот на СДС, Венко Филипче, постојано најавуваше реформи во структурите на партијата. Но ваквите негови изјави, затоа што предолго само се најавуваат, а не се случуваат, со тек на време станаа само празни зборови. И наместо вистинска реформа, гледаме само континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа првично партијата до оваа состојба во која се наоѓа денес денес. Оттука, може да се заклучи дека заевизмот и понатаму доминира во СДС, и се додека Филипче и неговиот ментор управуваат со СДС, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад. Јасно е дека, доколу СДС не се консолидира, не се реформира, и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија порачуваат дека потребна е конструктивна опозиција која ќе нуди решенија не полемичарење во празно, а Венко Филипче како претседател на СДС, не покажа ниту капацитет ниту пак некаква волја да ја извлече партијата од кризата во која се наоѓа.

-СДС и Филипче треба да знаат дека конструктивна опозиција не се гради преку празни реторики. Потребни се транспарентни процеси, потребна е реформација во структурите на партијата и искоренување на штетните пракси. Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе и се потребни конкретни чекори. Затоа, неговата оставка е единствен логичен чекор, и воедно е прв услов за СДС да има било каква иднина и можност за реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Коњановски ги поздрави учесниците на џип турнејата на Пелистер

Следно

Речиси 1 милион лица евакуирани на Филипини поради страшниот тајфун

Latest from Blog

„ПОНЕСЕТЕ ЗАЛИХИ ОД ХРАНА И ВОДА“: Патници се плашат од чекање со часови на границите поради EES

Агонијата на туристите кои чекаа повеќе од 10 часа на унгарскиот дел од граничниот премин Хоргош, за жал, би можела да стане „нова нормалност“ кога станува збор за влез во земјите од

Речиси 1 милион лица евакуирани на Филипини поради страшниот тајфун

Речиси еден милион луѓе се евакуирани на Филипините пред доаѓањето на супертајфунот Фунг-вонг, кој предизвикува силни ветрови и поплави во некои делови од земјата, објавија денес тамошните власти. Досега се евакуирани 916.863

Коњановски ги поздрави учесниците на џип турнејата на Пелистер

Клубот „Offroad Pelister“ организираше џип турнеја низ природните убавини на Битолскиот регион, како дел од програмата за одбележување на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола. Учесниците имаа можност да уживаат

Втор круг локални избори во 18 општини на Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

Во 18 од 38-те општини во Косово, вклучувајќи го и главниот град Приштина, денеска се одржува втор круг од локалните избори, при што полицијата и обвинителството најавија дополнителни мерки со цел да
Go toTop