ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна лажната стратешка инвестиција на ДУИ и СДСМ со фабриката за електрични автомобили

March 10, 2024
2 mins read

Уште еден од розевите меури од сапуница на власта пукна. Официјално вчера се обелодени дека од помпезната најава за фабрика за електрични автомобили во Тетово нема да има ништо. Поточно не е баш ништо. Ќе остане една дупка среде ливада во ТИРЗ Тетово со 4 арматурни шипки, во која со сите церемонии и на фанфари лопати фрлаа Ковачевски и пола влада на ДУИ и СДС во август 2022 година, непосредно пред повторените локални избори во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И како што бива со се кога е во прашање власта на ДУИ и СДС и овој „грандиозен проект“ стана потемкино село. Се организираше скапа прослава, која веројатно е платена со народни пари, се изеде, се испи, се изнасликаа и на крај си заминаа по дома.

Да потсетиме што кажуваа во таа прилика владините функционери , велат од ВМРО-ДПМНЕ и наведуваат:

· Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ (читај фирма блиска до ДУИ) ќе произведува електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра.

· „Денес ќе се постават темелите на инвестиција која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и којашто ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места“, рече премиерот Димитар Ковачевски на 13 август годинава.

· „Градбата на самиот објект треба да започне во следните 6 до 8 недели. Тоа значи дека многу брзо, на почетокот на есента, ќе го видиме почетокот на градежните работи“, рече директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски по завршувањето на церемонијата.

· „Со оваа мултимилионска инвестиција на компанијата e.GO во ТИРЗ Тетово каде за прв пат ќе почнат да се произведуваат електрични возила во Северна Македонија, започнува нова ера во делот на странските инвестиции. Е-Го е многу сериозна компанија, со седиште во Германија, нема да помине повеќе од еден месец и ќе почне да се гради“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

· „Големите инвестиции имаат ефект на снежна топка. Брендовите привлекуваат локално и нови инвестиции“, ќе рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

После скоро две години нити почната изградба на фабриката, ни С од стратешка инвестиција, ни 130, ни 720 милиони евра инвестиција, нити 890 добро платени работни места, ниту 4.000 индиректни работни места, ниту 30.000 произведени електрични автомобили годишно, ни ефект на снежна топка, ни бутур. Се што ветија Ковачевски, Деспотовски, Бектеши, Бесими, Груби, СДС и ДУИ, се излажаа. Купуваа време и лажеа, не овој петок, нареден понеделник ќе почне со градба, де тесна била парцелата, де широка била маркицата и на крај се пропадна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но најстрашно е дали и каде заврши најавената државна помош за оваа голема лага. Имено владата одлучи оваа „инвестиција“ да ја поддржи со 35% од вкупната вредност, односно со 42,5 милиони евра народни пари. Медиумите во април месец 2023 објавија дека инвеститорот Некст.Е.Го Мобиле добил одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра согласно извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2022. Дека има нешто сомнително во оваа зделка говори и фактот што за јавноста остана непознат договорот на државата со компанијата инвеститор, бидејќи Владата не овозможуваше увид во целосната содржина на договорот, кој беше потпишан во август 2022 година.

Повикуваме надлежните институции детално да го истражат случајот со државната помош за „фабриката за електрични автомобили“ во Тетово. Доколку тоа не се направи сега, после изборите и промената на власта ќе се спроведе целосна ревизија на овој таканаречен проект и ќе се провери дали и каде завршил секој денар од народните пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ./makfax/

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Одлични новости за некои хороскопски знаци

Следно

Експлозија на бомба среде пат одзеде два животи во Пакистан, повредено едно лице

Latest from Blog

Касами: Министерството за здравство останува кај Вреди, во моментов нема разговори за размена на ресори

И по излегувањето на Арбен Таравари од Владата, кој го имаше и министерското место за здравство, Биљал Касами изјави дека овој ресор останува кај ВЛЕН, јавува репортерот на ТВ21. Како што рече

Македонскиот оркестар FAME’S настапи на спектакуларната најава за првиот Дизниленд на Блискиот Исток во Абу Даби

Македонскиот оркестар, дел од проектот FAME’S, настапи на гламурозната свеченост по повод официјалната најава за изградба на првиот Дизни тематски парк на Блискиот Исток, кој ќе се наоѓа на островот Јас, Абу

Во Македонија се увезува сè – дури и месото

Македонија, иако традиционално аграрна земја, денес увезува околу 70 отсто од своите земјоделски производи. Долгогодишните слаби политики и недоволно ефективни мерки го ослабија домашното производство и ја направија земјата увозно зависна дури

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Европската комисија ги прекршила правилата за транспарентност на ЕУ со тоа што го одбила барањето на новинар за пристап до текстуалните пораки меѓу претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и извршниот

Сестрата на Фросина најави протест  за денеска: Судот донесе одлука дека убиството во Македонија се исплаќа

Семејството на трагично загинатата Фросина Кулакова повика на нов протест утре во 17 часот пред Универзалната сала во Скопје. Овој повик доаѓа откако Основниот кривичен суд скопје денеска му досуди 12 години
Go toTop