ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски

February 15, 2024
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи лично и директно е одговорен за хаосот со личните документи, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

Кривична пријава се заснова на прекршување на членовите 353 став 1 и 353-в став 5 од Кривичниот закон.

Оливер Спасовски, како што нагласи, во својство на министер за внатрешни работи во период од околу две и пол години издавал лични документи кои знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок отколку што е ставен во документите, туку тие ќе престанат да важат на 12.02.2024 година.

– Во период од 12.02.2019 се до средината на 2021 година тој свесно и директно раководејќи со Министерството за внатрешни работи, кои што впрочем ги издаваат овие документи нанесува штета на десетици илјади граѓани. И таа штета е и материјална и нематеријална штета. Две ипол години тој ја донесува македонската јавност, граѓаните на Република Македонија во заблуда со ова негово постапување. Впрочем тој врши злоупотреба на службената положба и овластувања, и несовесно работење во службата, изјави Јанушев.

Јанушев очекува од Јавното обвинителство да ја прифати кривичната пријава поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и да отвори истрага за Оливер Спасовски бидејќи, како што рече, одговорност во оваа држава мора да има. Апелираше новоизбраниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да покаже дека е професионалец.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Време е да се симнат маските: Лозано сам на „Маскенбал“ во Венеција!

Следно

Од утре поскап бензин, објавен новиот ценовник

Latest from Blog

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот
Go toTop