ВМРО-ДПМНЕ: Почнува инвестициски циклус од 6 милијарди евра кој ќе донесе развој на државата

May 30, 2025
1 min read

„Со потпишувањето на договорот со Велика Британија на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека ова е најголема економска рамка со која ќе се започне инвестициски циклус во Македонија.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште. Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект кој ќе се реализира со инвестиција од 1,3 милијарди.

Градежната офанзива којашто е во тек ќе продолжи и со инвестиции во железничкиот сообраќај и изградба на брза пруга. Ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10.

Со инвестиција од околу 2 милијарди евра ќе се гради брза пруга Табановце-Гевгелија. Постоечката пруга ќе се реконструира, и ќе се направи уште една паралелна пруга

Во делот на здравството, конечно завршување на болницата во Кичево и реконструкција на клиничката болница во Тетово.

Во делот на образованието, во првиот бран, веќе има два проекти, тоа е изградба на нов медицински факултет во Штип и вториот проект е изградба на студентски дом во поддршка на факултетот со најмалку 200 легла.

Ќе започнат и нови проекти од енергетиката, транспортот, медицината, здравството и дигитализацијата. Сето ова подразбира отворање на нови работни места, развој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Советниците на СДСМ ќе ротираат на две години, но и санкции за неисполнување на обврските

Следно

Палестинското девојче што ја загуби ногата во израелски напад чека протетска нога

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop