ВМРО-ДПМНЕ: Наместо АД МЕПСО да го одржува стабилен енергетскиот систем и да нема покачување на цената на струјата, недомаќински ги трошело народните пари за донации

September 18, 2024
1 min read

Eнергетскиот сектор во Македонија е на дното. Последен во низата скандали беше отпишување на долгот во висина од 14 милиони евра, а долгот го отпиша претходното раководство. Долгот беше отпишан затоа што должник е синот на Муса Џафери и други блиски фирми на СДС и ДУИ, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Што правело претходното раководство, каде завршувале парите на граѓаните? Одговорот е едноставен, парите оделе за донации и спонзорства. За 2024 година на име донации и спонзорства АД МЕПСО предвидело вкупно 12.300.000 денари, а потрошило, односно донирало и спонзорирало 22.712.500 денари. Станува збор за следни донации и спонзорства. Прво, Фитнес клуб Динамик Скопје добил 200.000,00 денари. Второ, 100.000 денари донација на Македонско стоматолошко друштво Скопје. Трето, донација или спонзорство има и на име Шкендија-Арачиново со исплата во март годинава во износ од 300.000 денари. Оттука се поставуваат низа на прашања зошто АД МЕПСО донирало кај стигне, која била целта да спонзорира во фитнес клубови, фудбалски клубови или пак невладини организации. Објаснување и цел на донациите нема. АД МЕПСО има две клучни улоги, а тоа се пренос на електрична енергија и управување со електропреносниот систем. АД МЕПСО треба да обезбеди оптимален и одржлив развој на електропреносниот систем со цел да се задоволат потребите од електрична енергија на корисниците. Поради фактот што Македонија немаше стабилен енергетски систем, имаше покачување на цените на електричната енергија или бевме ограбена држава. Заклучокот е дека народните пари се трошеле недомаќински, односно за донации, а не за стабилен енергетски систем, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е резултат на расипничкото владеење на СДС и ДУИ. Денес продолжуваме со нови информации за тоа каде АД МЕПСО донирало! За секое незаконско работење одговорност мора да има! Додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бориша Симаниќ ќе настапува за Игокеа

Следно

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Изјава на Мицкоски од општина Аеродром

Latest from Blog

Жртва на Епштајн: Еден ден, масерката ме покани во неговата соба

Жената, идентификувана само како Роза, сведочеше заедно со неколку други жртви на Епштајн на сослушување организирано од демократски конгресмени. Роза рече дека била регрутирана како тинејџерка од Узбекистан од страна на соработникот

ЈКП “Комуналец“ – Прилеп продолжува со уредување на зеленилото во градот

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зелените површини

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот. Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на

Усвоено: Путин ќе може да нападне која било земја во светот? СО ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ЌЕ ОСЛОБОДУВА РУСИ ПРИВЕДЕНИ ВО СТРАНСТВО

Во среда, рускиот парламент донесе закон со кој му се дозволува на претседателот Владимир Путин да нареди инвазија на странски земји. Според законот, Москва законски ќе може да испраќа војници во странство
Go toTop