ВМРО-ДПМНЕ: Над 360 лица ќе ја искористат мерката на Владата за пожарникари, се решава недостатокот на кадар за гасење пожари

August 6, 2025
1 min read

„Точно 364 лица, од кои 34 во Скопје, ќе ја искористат мерката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе се обучуваат теоретски и практично за справување со пожарите во Македонија. Нивниот ангажман ќе биде сезонски и ќе биде финансиски поддржан од Владата со по 24 илјади на секој работник.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Обуките веќе се во тек низ 13 градови во државата, со кој се покриваат 28 општини низ државата. Младите лица кои се пријавени на обуките, ќе поминат дводневна обука, со која ќе бидат спремни за само една недела да излезат на терен во справувањето со огнените стихии.

Дел од овие лица, ќе бидат распоредени низ локалните територијални противпожарни единици, а друг дел од нив, ќе бидат во Скопје во Дирекцијата за заштита и спасување. Лицата кои ќе бидат распоредени во ДЗС ќе продолжат со обуките, а по појава на мали пожари кои не се од голем ризик, сезонските работници ќе бидат постепено искористувани да работат на терен и да ги усовршуваат своите способности.

Со оваа мерка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека има цел да ги стимулира младите кои не се вработени, да го направат првиот чекор, а потоа оние кои ќе се докажат да добијат и вработување во противпожарните единици низ државата.

Исто така да потсетиме и дека за прв пат по 7 години, се употребуваат 38 пренаменети армиски и полициски возила, на располагање се и хеликоптери и авиони, со кои успешно се справуваме со пожарите кои се појавуваат ова лето“, стои во сооштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проверете пред да патувате – состојба на границите и патиштата

Следно

ПРОБИШТИП НЕМА МОРЕ АМА ГИ ИМА ЛЕСНОВО И ПОНИКВА Кандидатот Тоневски гледа голем потенцијал во општината

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop