ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Дон Николовски дал нелегално половина милион евра субвенции на Арекспорт која не почитувала договор

September 13, 2024
1 min read

Љупчо Дон Николовски, поранешен министер за земјоделие потпишал договори за закуп на земјоделско земјиште со фирмата Арекспорт од Струмица со што го оштетил буџетот, кој се полни со пари на граѓаните, за околу половина милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Николовски морал да е во тек со реализација на договорот за закуп со Арекспорт. Зошто? Затоа што, прво, тоа е договор за закуп на над 1400 хектари, второ, тоа е договор кој не се извршува согласно закон и трето, тоа е договор за кој не се плаќа закупнина. А резултатот е, незаконски земање на половина милион евра субвенции. Љупчо Дон Николовски не само што можел, туку и морал да го раскине договорот за куп со Арекспрот. Зошто морал да го раскине договорот со Арекспорт? Затоа што фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра, се наведува во партиското соопштение.

Николовски мора да одговори, зошто никој не контактирал со Арекспорт зошто не го реализира договорот за закуп?

-Николовски мора да одговара за трошење на народни пари, а надлежните институции треба да реагираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Министерството за дигитална трансформација е фокусирано на институционална изградба на системот за сајбер безбедност

Следно

Агелер во врска со црната листа на САД: Се разгледуваат голем број на случаи и повеќе имиња се под проверка

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и
Go toTop