Последните мерења на јавното мислење покажуваат дека рејтингот на СДС не опаѓа, туку забрзано пропаѓа. Тие веќе неколку месеци по ред се трета партија според довербата кај граѓаните, а незапирливо итаат и кон четвртата позиција. Она кое што е најевидентно од анкетата на агенцијата Маркет Вижн е дека Ковачевски има само 4% доверба кај граѓаните, што е единствен случај во Македонија некој премиер да има толку мал рејтинг меѓу населението, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Исто така од испитувањата на јавното мислење може да се види дека во декември 2023 во споредба со февруари 2023 година разликата во рејтингот помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ се зголемила за 8,1% во корист на ВМРО-ДПМНЕ, поради катастрофалните и анационални политики на оваа влада предводена од Димитар Ковачевски. Односно, од февруари до декември 2023, СДС со Ковачевски изгубиле 3,2% од својот рејтинг, а ВМРО-ДПМНЕ ја зголемило довербата кај граѓаните кај нови 4,9% од избирачите кои се одлучиле да излезат на гласање, велат од партијата.

„Граѓаните гледаат дека со власта на СДС и ДУИ се живее полошо од било кога во Македонија.

Оваа власт е одговорна за растечката сиромаштија, растечките криминал и корупција, инфлација, тонењето на економијата, распадот на системот на образование, здравство, судство, итн.

Оваа власт мора да се промени. Оваа криминогена власт мора да се победи“ – истакнуваат од партијата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.