ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски и судиите клиентелисти на СДС се заштитници на криминалот, кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега?

March 2, 2025
1 min read

Зошто спие Љупчо Коцевски, неговите постапки со кои ги штити СДС продолжуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека и покрај иницијативата Коцевски тврдокорно продолжува да ги штити СДС и да работи под диктат на СДС.

-Коцевски ги штити разбојниците од СДС од правни последици, и на тој начин ја проширува корупцијата и тотално го блокира правосудството. Поради таквите постапки довербата на граѓаните во судскиот систем е 2 проценти. Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски не презема мерки за значајни предмети и покрај јавните докази за криминални активности и корупција. ЈО Љупчо Коцевски, мора да сноси одговорност за неговите потези. Судиите под закрила на СДС го штитат и Филип Андов Сокол, наместо да определи притвор само му одзема пасош, дали на тој начин му прават простор за да може да избега?, се вели во партииското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи им овозможуваат закрила на нивните функционери.

-СДС ги брани судството и обвинителството и не сака реформи во судскиот систем бидејќи на тој начин нема да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги направија за време на своето владеење. Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС. Судиите избрани во Струмица и Зајас наместо да обезбедат правда, тие опструираат предмети и го продлабочуваат клиентелизмот. Судиите под закрила на СДС го штитат Филип Андов Сокол, наместо да определи притвор само му одзема пасош, дали му прават простор да може да избега? Корумпираните судии, клиентелсти на СДС кои го пуштија на слобода Филип Андов Сокол кој расшетувал притвореници осомничени за тешки кривични дела како да се на екскурзија, се одговорни ако тој се даде во бегство. Со што судот се убедил дека Филип Андов Сокол кој расшетувал опасни затвореници низ Скопје, со државни средства наместо да бидат во ќелија, нема да се впушти во бегство? Кој гарантира дека Филип Андов Сокол нема да избега?, прашува владејачката партија.

Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се коренити реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судството да е растоварено од политички влијанија. Во Македонија неопходна е транформација на судскиот систем.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски соопшти дека со Стармер разговарале за зајакнување на позициите на Украина и за добивање сигурни безбедносни гаранции

Следно

Случај Македонија: Максимално загадување, минимално инспектори за животна средина

Latest from Blog

Милан има нов напаѓач

Екипата на Милан успеа да го обезбеди на позајмица во моментов играчот на англискиот Вест Хем, германскиот интернационалец, Никлас Филкруг. Договорот, е сите трошоци на име на плата на напаѓачот да ги
Go toTop