ВМРО-ДПМНЕ го пушти Груби, поради договор со ДУИ?

December 22, 2024
1 min read

И по две недели, јавноста сеуште се прашува, ‘Зошто ДПМНЕ го пушти Груби, дали е тоа дел од договорот со ДУИ?’, пишува во партиското соопштение на СДСМ.

„’Правдата избега’, По бегството или пуштањето на Артан Груби ова е најсоодветен термин за трибина на ДПМНЕ, кој ја отсликува реалноста. Наместо да се соочи со правдата, Груби бил пропуштен да избега. Токму полицајци поставени од Тошковски решиле да го пуштат Груби непречено да ја напушти државата. Прашањето е зошто ДПМНЕ го пушти Груби, дали е тоа дел од договорот со ДУИ“?, велат во СДСМ.

Ноќта меѓу 7 и 8, јуни по полноќ, новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди (ВЛЕН) и ЗНАМ, со поддршка од пратеници од Европскиот фронт предводен од ДУИ, ги изгласа законските измени со кои се воведуваат нови и се прави реорганизација на дел од постоечките министерства.

Измените, беа предложени на пети јуни од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и се носеа во скратена постапка. „За“ гласаа 88 пратеници, а „против“ беа 22.

Станува збор за измени на Законот за организација и работа на органите на државна управа за што е потребно двотретинско мнозинство – 80 гласа во 120-члениот парламент, додека пак, владејачкото мнозинство составено од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ заедно имаа само 78 пратеници.

Со измената на законот, се формираа четири нови министерства: Mинистерствo за спорт, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за дигитална трансформација  и Министерство за администрација, а некои од министерствата се реорганизираа, како што е случајот со министерствата за економија и труд, за социјална политика, демографија и млади и Министерството за култура и туризам.

Пред гласањето ВМРО-ДПМНЕ се договори со ДУИ да се формира ад хок комисија во Собранието која ќе ја следи правичната застапеност во органите на државната самоуправа, која сега веќе е формирана и на чело стои пратеник од опозицијата.

Во меѓувреме, ДУИ се дистанцира од Артан Груби, а МВР, распиша меѓународна потерница. Од таму нема објофицијални информации каде се наоѓа поранешниот вицепремиер , Артан Груби, кој ја напушти државата преку граничниот премин Блаце на 15 декември.

ВМРО-ДПМНЕ, ги отфрла обвинувањата на СДСМ, дека Груби е пуштен преку граница со новна помош. Од опозициската СДСМ пак, велат дека ‘сите обиди ДПМНЕ да се оправда се јалови, затоа што дозволи правдата да избега’,

„Очигледно е дека бегството на Груби е реализирано по истото сценарио како и она од летото на Блерим Рамадани. Границата со Косово, под директна надлежност на МВР и министерот Тошковски, останува неконтролирана. ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски се директно одговорни за бегството на Груби. Тој мора да биде итно спроведен пред лицето на правдата а Тошковски да се соочи со одговорноста“, велат во СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Правдата доаѓа“ – трибина на ВМРО-ДПМНЕ

Следно

ВИДЕО: Рампите кренати, на патарина Гостивар никој – возачите слободно си поминуваат!

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop