ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на Законот за јавните набавки во редовна постапка

December 13, 2024
1 min read

Денес во Собранието група пратеници од ВМРО ДПМНЕ остварија средба со делегација на ДКСК предводена од претседателката Татјана Димитровска.

Тема на состанокот беа предложените измени во Законот за јавните набавки, за што во конструктивна атмосфера беа разменети мислења за потребните реформи во делот на зајакнувањето на системот на управување со јавните набавки.

На состанокот беше усогласен заеднички став и тоа подносителите на измените на Законот истиот наместо во скратена да го поднесат во редовна постапка, а од своја страна ДКСК во меѓувреме да изготви анализа и мислење во врска со Законот за јавните набавки и да го достави до пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ

После состанокот групата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе измените на Законот за јавните набавки во редовна постапка, при што се очекува утврдувањето на потребата за носење на овој закон да се најде на дневен ред следната недела, на седницата закажана на 18ти декември.

ВМРО-ДПМНЕ

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Еве како изгледа лечење на волк од скопската зоолошка градина

Следно

Пирамидите во Гиза – Симбол на древната египетска цивилизација и туристичка атракција

Latest from Blog

Почина Мојсо Мојсковски, долгогодишен новинар и уредник во Македонското радио

Почина Мојсо Мојсовски, долгогодишен новинар и уредник, во Македонското радио. Мојсовски остави длабока трага во историјата на Македонското радио – Радио Скопје и во македонското новинарство.  Тој е роден на 8 септември

Пропаднаа преговорите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот за формирање влада на Израел

Ќор-сокакот дојде откако технички премиерот Бенјамин Нетанјаху и лидерот на опозицијата Гади Ајзенкот денес се обидоа да најдат излез од политичкиот ќор-сокак создаден по изборите минатиот месец, пишува Би-Би-Си. Десничарската Ликуд на

Швајцарија ги менува правилата за извоз на оружје, пензискиот ДДВ не доби поддршка, ниту оданочувањето на брачните двојки

Швајцарците на денешниот референдум со тесно мнозинство го поддржаа ублажувањето на прописите за извоз на оружје, покажуваат првичните проекции објавени по затворањето на избирачките места, пренесува швајцарската телевизија СРФ. Според проекциите на
Go toTop