ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и Али се врапчиња, никако орли

September 28, 2025
1 min read

Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДС тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И искусниот Ахмети ги фати, ги држи и денеска кутрите не можат ни да писнат, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Се сеќавате како Груби и Ахмети отидоа кај Заев и го „предомислија“ пред две години? Со што го предомислија? Епа, така функционира ДУИ и за тоа се врвни експерти. Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите. Имаме порака до Али Ахмети: не си ти орел, туку обично врапче. А во суштина, ни вие не сте орли, туку криминални и корумпирани страчки. Најгласни се токму најуплашените. Со проекти, со мерки, со реформи и со подобар живот. Албанците одамна имаат преку глава од Ахмети, а тоа ќе го покажат на следните избори – заедно со Македонците, сите сложно. ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмеeме на тие понуди. Наместо да оди во пензија – не му здосади дваесет години власт? Убава е власта за Ахмети кога се купува соравија, се возат џипови, се отвораат бизниси во енергетика, се отвораат градежни фирми, додека првиот комшија и другар од детство ти е шеф обвинител за организиран криминал. Е, за тоа се експерти. Но наместо да оди во пензија, тој зборува за крв, оружје и орли. А секој пат кога ќе дојдат избори, Ахмети доживува необична трансформација. Тоа е неговиот Павлов рефлекс – на звукот на избори, автоматски следуваат закани, патетика и заплашувања, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен што е патетично, сето ова е и смешно. Како не му е мака, искрено не знаeме, додаваат од владејачката партија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Првиот вицепремиер Меџити: Бошњаците имаат клучна улога во општествениот развој

Следно

ФОТО: Што ви недостасува во животот? Чашата што би ја одбрале открива дали се плашите да барате или да живеете „правилно“

Latest from Blog

Германските бродосопственици ја критикуваа одлуката на владата да не се испраќа морнарицата во Заливот

„Бевме изненадени кога ја примивме веста дека Германија нема да учествува во евентуалната мисија за заштита на трговските бродови во Заливот“, објави Здружението на германски бродосопственици (VDR). Во соопштението за медиумите се

Меџити: Дрвјата од кампусот на „Мајка Тереза“ ќе добијат нов дом во паркот „Рилиндија“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека покрај инфраструктурните инвестиции и развојните проекти во општината, локалната власт посветува посебно внимание и на зачувувањето на природата и зголемувањето на зелените површини. Како
Go toTop