ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета не знаела да сопре со трошење народни пари, на патување во Ријад и Брисел пак си купувала кошули, маици, дресови, и повторно куфер

September 4, 2024
1 min read

Не поминувало патување на Бисера Антоанета, а таа со народни пари да не си купи нешто за лични потреби, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Куфер купувала, како што самата кажа на патувањето во Лондон, бидејќи според нејзини зборови и бил загубен багажот од авио компанијата.

Но, фактите говорат друго. И на патувањето во Ријад и Брисел пак купила куфер. Секако Бисера Антоанета не би била Бисера Антоанета ако не потрошела пари на граѓаните за лични потреби. Куфер повеќе секогаш ќе служи, ако не на неа, ќе позајмува на блиски.

Бисера Антоанета за патувањето прво во Ријад во септември 2023 година, потоа истиот месец во Брисел, земала кеш од Министерството или 2000 долари и 900 евра.

Бисера Антоанета со тие пари продолжила да си пазари за себе, и така пак купила куфер кој овој пат ја чинел 38 евра, купила и 5 дреса за 70 евра, во Парфоа, продавница која ја има и во Македонија потрошила 20 евра, а за 35 евра си купила и козметички производи, за 39 евра си купила кошула, потоа поло маици за 95 евра.

Бисера Антоанета на патувањата покажала само едно дека знае како да си пазари за лични цели со народни пари.

Ова расипничко однесување на Бисера Антоанета е само еден пример како претходната влада ги трошела парите на граѓаните, стои во соопштението на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во текот на август во Србија регистрирани речиси 100 нови случаи на морбили

Следно

Мицкоски првата лопата на странска инвестиција ќе ја фрли на темелите на германската БМЗ која ја договори претходната Влада

Latest from Blog

МОЛДАВИЈА САКАШЕ ДА СЕ НАЛЕПИ НА РОМАНИЈА И СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ, но планот е одбиен – од Романците

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, неодамна во подкаст изјави дека ќе гласа за приклучување на нејзината земја кон Романија во случај на референдум. Нејзините коментари предизвикаа бес. „Доколку имаме референдум, јас би

МОЛДАВИЈА САКАШЕ ДА СЕ НАЛЕПИ НА РОМАНИЈА И СТАНЕ ДЕЛ ОД ЕУ, но планот е одбиен – од Романците

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, неодамна во подкаст изјави дека ќе гласа за приклучување на нејзината земја кон Романија во случај на референдум. Нејзините коментари предизвикаа бес. „Доколку имаме референдум, јас би

Коњановски најави нова пречистителна станица и продолжување на патот кон Копанки

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за време на посета на осветлената патека за скијање на Копанки го пречека директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков. Времето беше ведро и студено, со снег на

Утре тестирање на камерите од „Безбеден град“ во Тетово и Куманово

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен
Go toTop