ВЛЕН: За ДУИ власта беше кислород – сега се гушат во поразот

November 6, 2025
1 min read

Коалицијата ВЛЕН оцени дека раководството на ДУИ се наоѓа во „политичка паника“ по локалните избори и дека, како што наведуваат, обидот да се претстави референдумската иницијатива како патриотска кауза не успеал кај албанските гласачи.

„Албанците не паднаа на манипулативната кампања изградена врз лаги и лажен патриотизам. Со десет освоени општини, ВЛЕН ја поништи реториката дека гласовите на Албанците се приватна сопственост на една партија“, се наведува во соопштението.

Од ВЛЕН посочуваат дека во ДУИ, наместо анализа на изборниот резултат, се трага по виновници надвор од партијата. Според нив, претставува „апсурд“ обидот Блерим Беџети да се прикаже како симбол на промени.

„ДУИ не може да се реформира затоа што никогаш не ја разбра суштината на тој збор. За нив власта не беше алатка за служба на народот, туку услов за опстанок. Сега, кога власта им се лизга од рацете, се соочуваат со сопствената криза“, додава коалицијата.

Во заклучок, ВЛЕН порача дека продолжува да работи „со довербата на граѓаните, со чисти раце и со политика насочена кон јавниот интерес, а не кон лични привилегии.“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сензационално: Меси се враќа во Европа и ќе игра во ЛШ за турски гигант?!

Следно

Потпишување на договор за стратешкиот тунел меѓу Ѓуешево и Деве Баир

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop