ВЛЕН: СДСМ е гласноговорник на ДУИ

August 23, 2024
1 min read

Опозицијата е целосно грогирана од изборниот пораз. Стравот од тоа што следи им ја одзема способноста да размислуваат рационално.  Така СДСМ не сфаќа дека сега ДУИ го користи како гласноговорник, велат од Коалиција ВЛЕН.

-Бидејќи криминализираното раководство на ДУИ се обиде да издејствува Блерим Рамадани да биде екстрадиран во Србија за да креира тензии и да го обвини ВЛЕН за предавство, сега му сервира лажни информации на СДСМ. И така очајот за медиумско внимание си го прави своето. Тие мислат дека со вакви наводно бомбастични приказни ќе ја покријат внатрешната слабост. Затоа им порачуваме на СДСМ и ДУИ да не се однесуваат по онаа народната “гладна кокошка просо сонува”! Нека ја почекаат конечната одлука на судовите за екстрадицијата пред да изнесуваат небулози. И може да бидат целосно сигурни дека владината коалиција не може да ја раздрмаат структури до гуша заглавени во политичка корупција кои се во паничен страв од кривична одговорност, велат од ВЛЕН.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЖАС во Србија: Семејство со четири деца загина во пожар во својот дом

Следно

Една златна прачка сега вреди 1 милион долари

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop