ВЛЕН сака да го тргне Таравари од коалицијата, а потоа да му предложат на Мицкоски да го отстрани и од Влада?

April 5, 2025
1 min read

Дека има проблеми во коалицијата ВЛЕН повеќе не е тајна.

По случувањата во последните две недели, добро упатени избори за ТВ21 велат дека раководствата на Демократското Движење, Движење Беса и Алтернатива оценуваат дека Таравари и АА веќе немаат место во коалицијата.

Според извори на ТВ21, има предлози ВЛЕН да донесе одлука АА да си замине од коалицијата и да му се предложи на премиерот да ја отстрани партијата од Владата. Се очекува сето ова да се потврди во следните 10 дена.

Инаку, партијата на Таравари за утре закажа состанок на партиското Собрание. Со почеток во 13:00 часот се очекува Собранието да претседава во Гостивар, но вратите ќе бидат затворени за јавноста.

За потсетување, неодамна Таравари истакна дека не се согласува околу претставувањето на коалицискиот формат за локалните избори.

Имено, за разлика од другите партии во ВЛЕН, тој оценува дека на изборите сите 4 партии од коалицијата треба да излезат со посебни листи за општински советници.

Во понеделник, 7 април, Арбен Таравари гостува во „Клик плус“ на ТВ21, каде се очекува да се дознаат деталите за одлуките.

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, во четвртокот, на 3 април, на пат за Софија, Бугарија, каде што присуствуваше на форумот „Балкански форум III Процесот Акаба“, застана во Скопје каде се сретна со лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, претседателот на Собранието Африм Гаши и вицепремиерот Арбен Фетаи.

Претседателот Бегај денеска, 4 април, при враќањето во Албанија повторно застана во Скопје, каде се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Инаку, по несогласувањата во коалицијата, на 28 март, лидерите на партиите отидоа на ифтар кај премиерот на Косово, Албин Курти каде, според наши извори, лидерите побарале отчет од Таравари зошто и за што точно се сретнал со Али Ахмети.

Инаку, извори на ТВ21 во ДУИ потврдуваат дека со Таравари има разговори за многу теми, меѓу кои и за локалните избори, за кои Таравари истакна дека е заинтересиран за општините Гостивар, Боговиње, Врапчиште, Сарај, но и Струга.

Извори потврдуваат дека за Таравари се разговарало и за „црвените линии“ во однос на албанскиот јазик. И покрај разговорите, извори од ДУИ велат дека нема конкретен договор, како што додаваат „Со Таравари никогаш не се знае до крај“.

Од друга страна, во јавноста се шпекулира дека ВЛЕН се обидува да најде и канали за комуникација со АА на Зиадин Села. Не се знае дали има посериозни разговори меѓу структурите на ВЛЕН и партијата на Села. Во текот на наредната недела се очекуваат повеќе информации во оваа насока.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија

Следно

Протести низ Европа против Трамп

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop