ВЛЕН: Почит и работа за народот, не ароганција од Ахмети

October 26, 2025
1 min read

Во секој дел на земјата, во секојa општина и во секоја населба се чувствува еуфоријата кај граѓаните што владеењето на ДУИ конечно доаѓа до крајот. По повеќе од 20 години лошо управување, измами и ароганција, Албанците се разбудија и бараат вистинска промена.

ВЛЕН како пример за модерна албанска политика без притисоци, уцени и закани. Тие комуницираат со граѓаните, ги слушаат нивните проблеми и работат за секое село, за секоја фамилија, стојат покрај народот, а не затворени во канцеларии и бункери на власт.

Од друга страна, ДУИ е на крајот на својот пат. Секојдневно излегува на виделина нивната срамна соработка со Левицата, партнерство кое ги издава интересите на Албанците за лична власт. Ова се виде јасно на 19 октомври, кога граѓаните им дадоа прва казна, а конечниот удар се очекува на 2 ноември во Тетово, Дебар, Долнени, Брвеница и други места каде што Албанците решија да го затворат поглавјето на ДУИ.

 

ВЛЕН не ги навредува Албанците, не ги нарекува „кучиња“ како Али Ахмети, туку ги почитува преку достоинствено претставување и секојдневна работа. Тие веруваат во достоинството, обединувањето и политиката која им служи на граѓаните, а не на личниот џеб.

ВЛЕН е новиот дух, силата на промената и печатот со кој Албанците ќе имаат чист, силен и чесен глас на сите нивоа на власт. На 2 ноември, сите заедно за да го затворат старото поглавје и да ја започнат новата ера на Албанците со ВЛЕН.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кристијано Роналдо стигна до бројката од 950 гола (ВИДЕО)

Следно

Јовановски за пензионерите: Ќе ги подобриме условите во Пензионерскиот дом во Кичево

Latest from Blog

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,
Go toTop