ВЛЕН: По повеќе од 20 години ќе се проширива булеварот „Цветан Димов”, инвестиција вредна 10 милиони евра

August 21, 2025
1 min read

ВЛЕН конечно обезбедува услови за реализација на проектот за проширување на булеварот Цветан Димов. Соработката на локалната власт со Владата на Република Северна Македонија покажува значајни резултати, за прв пат се обезбедува сериозна и крупна инвестиција за Општина Чаир и левата страна на Скопје.

Сите Влади на ДУИ во повеќе од 20 години не дале поддршка на Чаир и општините каде што живеат Албанците колку оваа Влада на ВЛЕН што дава поддршка во само една година.

Проектот за проширување и трансформација на булеварот „Цветан Димов”, вреден 10 милиони евра, претставува најзначајниот инфраструктурен зафат во овој дел на главниот град во последните децении. Со овој проект, долгогодишните барања и потреби на над 100.000 жители ќе добијат одговор, Чаир и околните населби конечно ќе имаат модерен, безбеден и функционален булевар изграден по европски стандарди. Чаир ќе биде безбедно поврзан со останатите делови на Скопје.

 

Овој историски проект е резултат на заедничката работа на локалната власт и Владата на ВЛЕН со јасна визијата за развој и со цел за рамномерен урбан напредок на целиот град. Чаир веќе не е запоставен.

Со оваа инвестиција, се испраќа јасна порака: граѓаните на Чаир и левата страна на Вардар повеќе нема да бидат заборавени. ВЛЕН покажува дека кога политиката е насочена кон луѓето, резултатите се видливи и конкретни.

Булеварот „Цветан Димов” ќе стане симбол на новата ера на урбани инвестиции, еднакви за сите граѓани, без разлика во кој дел на Скопје живеат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најопасното животно во Австралија не е змија или пајак – ТУКУ КОЊ

Следно

Со посветена работа, штитејќи го интересот и угледот на државата, добиени три арбитражни постапки и заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Трифуновски нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово дознава 24инфо. Промената доаѓа

Мбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“

ФОТО:Real Madrid C.F./FB Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, издаде соопштение за да ја разјасни својата физичка состојба и односот со својот клуб. Тој ги коментираше шпекулациите околу неговото здравје и
Go toTop