ВЛЕН: Османи мора да даде одговор – средбите со Груевски се факт

September 5, 2025
1 min read

Коалицијата ВЛЕН денеска повторно упати остри обвинувања кон министерот за надворешни работи и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи.

Од ВЛЕН посочуваат дека „две неспорни вистини“ веќе се јасни за јавноста – дека Османи имал средба со поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски, при што, како што велат, се знаеле „локацијата, времето и темата на разговорот“.

„Последните напади врз ВЛЕН и нашите лидери се само лаги и знак на паника, бидејќи соработката со Груевски и Мијалков мислеа дека ќе остане тајна и без докази,“ стои во реакцијата.

Партијата реагира и на наводите од ДУИ дека Изет Меџити наводно имал средба со српскиот политичар Вулин, оценувајќи ги тие тврдења како неосновани и споредувајќи ги со, како што велат, „невозможноста Артан Груби да биде тргнат од американската црна листа пред локалните избори“.

Од ВЛЕН прашуваат која била вистинската причина за средбите на Османи со Груевски во Будимпешта, наведувајќи две можни опции: дека или му ветил враќање во Македонија, или пак побарал поддршка со ветување дека ако победи во Чаир ќе го симне Али Ахмети од врвот на ДУИ.

„Османи не е жртва, туку свесен и активен учесник во овие договори. Тој е човекот кој го одржуваше системот на Али Ахмети со години, уште од времето кога беше министер во владата на Груевски, овозможувајќи му на Мијалков и на Груевски да ја контролираат државата и да градат финансиска империја,“ обвинува ВЛЕН.

Партијата порачува дека ставот им е јасен – Бујар Османи, според нив, „не може да побегне од одговорност“ и треба или да ја признае вината и да се повлече од политиката, или засекогаш да остане, како што велат, „обележан со соработка со најголемите штетници на државата и Албанците“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Гугл“ го прослави 27. роденден

Следно

Два силни последователни потреси го погодија Авганистан во рок од 12 часа

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop